Дома Фудбал Англија Емери во шок: Пристигнаа лоши вести за Лаказет

Емери во шок: Пристигнаа лоши вести за Лаказет

Ѕвездата на Арсенал, Александер Лаказет ќе ги пропушти натпреварите во следните неколку недели.

Лаказет го повреди зглобот на еден од тренинзите, а после деталните прегледи е потврдено дека мора да мирува во следните неколку недели.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа секако го загрижува тренерот Унај Емери, бидејќи Лаказет е важен играч во офанзивната линија во тимот заедно со Обамејанг и Пепе.

Се претпоставува дека францускиот напаѓач повторно може да заигра во текот на следниот месец.

Арсенал наредниот натпревар го игра кај Ватфорд во неделата, а Лаказет би можел да го пропушти и дербито против Манчестер Јунајтед.

Покрај Лаказет, проблем со повреди имаат и Тореира, Џака, Тиернеј, Белерин и Мавропанос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лудо дерби на “Енфилд” ја остави Ман Сити во трката

Манчестер Сити остана во трката за титулата со Арсенал, откако извојува исклучително вредн…