Дома Останати Кошарка Елиминација за Голден Стејт, Леброн „закажа“ пресметка со Јокиќ во плеј-офот 🎥

Елиминација за Голден Стејт, Леброн „закажа“ пресметка со Јокиќ во плеј-офот 🎥

Tимот на Лос Анџелес Лејкерс е седмиот од Западната конференција кој се пласираше во плеј-офот од НБА лигата откако изминатата ноќ на гости славеше против Њу Орлеанс со 111:106.

Најтрофејниот тим во лигата така закажа меч против бранителот на титулата Денвер Нагетс. Леброн беше расположен за игра и го предводеше својот тим и малку фалеше да дојде до трипл-дабл со 23 поени, девет скока и девет асистенции.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ентони Дејвис оствари одличен учинок од дабл-дабл со 20 поени и 15 скока. Зајон Вилијамсон постигна 40 поени, но тие не беа доволни за победа на неговиот тим.

Голден Стејт претрпе пораз на гости кај Сакраменто од 94:118. Натпреварот беше одлучен во второто полувреме кое Кингс го добија со 64:44. Мареј со 32 беше најефикасен, додека Фокс уфрли 22. Стеф Кари натпреварот го заврши со 22 поени.

Со овој пораз сезоната за Вориорси заврши додека Сакраменто оди на Њу Орлеанс за последното осмо место на Западот и дуел со Оклахома во првата рунда од плеј-офот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…