Дома Фудбал Лига на шампиони Екс-фудбалерот на Реал Мадрид жестоко удри по Халанд: Бескорисен е, соиграчите го прескокнуваа!

Екс-фудбалерот на Реал Мадрид жестоко удри по Халанд: Бескорисен е, соиграчите го прескокнуваа!

Во вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите, Манчестер Сити ремизираше на гостински терен против Реал Мадрид, а по овој натпревар повторно имаше критики за Ерлинг Халанд.

Халанд е критикуван веќе некое време дека во големите натпревари никаде го нема и не може да постигнува голови кога го чуваат квалитетни дефанзивци. За критичарите вчерашниот натпревар е ште еден доказ.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Многумина сметаат и дека Хулијан Алаварез треба да почне да добива повеќе шанса бидејќи повеќе би придонел во играта која ја практикува Пеп Гвардиола.

Остар кон Норвежанецот беше и поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Рафаел Ван Дер Варт.

„Беше навистина лош, тој е бескорисен ако не постигнува голови. Со топката во нозете е просечен играч. Неговите соиграчи го прескокнуваа, беше најлошиот на теренот“, изјави Ван Дер Варт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Де Јонг се огласи за својата иднина: Јасно кажа што сака!

Френки де Јонг јасно стави до знаење дека во неговите планови е само да остане во Барселон…