Дома Трансфер зона Еден од најбараните напаѓачи е на потег: Кариера во Европа или арапските милиони?

Еден од најбараните напаѓачи е на потег: Кариера во Европа или арапските милиони?

Словенечкиот репрезентативец Беџамин Шешко (20) се очекува да биде еден од главните адути на оваа репрезентација на Европското првенство летово во Германија.

Одличниот напаѓач на Лајпциг ја заврши клупската сезона со 18 гола, а беше стрелец на секој од последните седум натпревари, па не е ни чудо што за неговите услуги се заинтересирани клубови како Ливерпул, Милан, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Челзи.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Сепак, словенечките медиумите пренесуваат дека за Шешеко постои голем интерес од Саудиска Арабија од страна на Ал Хилал и Ал Ахли, кои наводно се подготвени да му понудат неверојатни услови.

Плата од 25.000.000 до 30.000.000 евра по сезона плус бонус за потпис од 20.000.000 евра е картата на која играат Арапите, и покрај желбата на играчот да остане во Лајпциг или да оди во Премиер лигата.

Во Ал Хилал Шешко би играл во тандем со српскиот репрезентативец Александар Митровиќ, а за новиот шампион на Саудиска Арабија настапува и Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Од друга страна, Ал Ахли се потпира на добрите односи на Шешко со неговиот поранешен тренер Матијас Џејсле.

Истиот извор наведува дека Шешко ќе ја донесе конечната одлука за својата судбина пред почетокот на Европското првенство за да настапи во Германија со смирена глава. Останува да видиме каква ќе биде неговата одлука…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мурињо подготвува „бомба“ во Фенербахче: Тргнува по ѕвездата на Барса!?

Mинатата сезона Фенербахче го освои второто место во турската Суперлига, па така летово по…