Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра кој за клубот од „Олд Трафорд“ одигра 379 натпревари среде ноќ во 2 часот наутро ја критикуваше клупската управа.
Французинот сними видео во кое зборуваше за проблемите кои ги има во клубот. Според Евра Манчестер Јунајтед полека го губи угледот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Овој клуб мора да престане да биде така арогантен. Таму има луѓе кои не го ценат Алекс Фергусон. Ние како играчи ги почитувавме Боби Чарлтон и Џорџ Бест, луѓе кои ја создавале историјата на клубот. Денес некои луѓе лесно се откажуваат од тие работи. Поради што? Поради пари? Угледот на клубот се нарушува и време е навивачите да ја дознаат вистината“.
„Ед Вудвард им верува на погрешни улуѓе и тоа е многу лошо. Слуша мислење на луѓе кои воопшто не се во клубот и прави погрешни потези. Пример, играчи кои вредат 20 милиони фунти, Јунајтед ги плаќа пет пати повеќе, а некои од нив не ни сакаат да дојдат. Комуникацијата исто така е лошо. Мене ме побара спортскиот директор на еден од најголемите светски клубови и ме замоли да му кажам на Мет Џуд (главниот преговарач на Јунајтед) да се јави на мобилен. Тоа е неверојатно“.
„Знам дека има поранешни играчи на кои им е страв да зборуваат затоа што се надеваат дека еден ден ќе добијат работа во клубот. Мене тоа не ме интересира. Јас не му требам на Манчестер Јунајтед, јас го сакам“, порача Евра.