Дома Фудбал Англија Еве што има да каже Солскјер на средбата на Погба со Зидан во Дубаи (ФОТО)

Еве што има да каже Солскјер на средбата на Погба со Зидан во Дубаи (ФОТО)

Оле Гунар Солскјер изјави дека нема проблем со тоа што Пол Погба се сретнал со Зинедин Зидан во Дубаи.

Зидан ја искористи репрезентативната пауза да оди на краток одмор во Дубаи, а таму се сретнал со Погба кој наводно бил поради опоравување од повредата. „Дејли Мирор“ фотографијата од нивната средба ја објави на својата насловна фотографија.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


На конференцијата пред натпреварот против Ливерпул, Солскјер доби прашање за средбата на неговиот фудбалер со Зидан. Солскјер не гледа проблем, барем така изјави.

„Тоа е само една фотографија. Кога сте играч на Манчестер Јунајтед луѓето ве фотографираат. Немам проблем со тоа. Пол е дел од нашите планови. Против Арсенал и Рочдајл играше повреден, се обиде да се врати, но болките беа преселни и мораше да оди на рехабилитација. Сега се опоравува и неколку дена веќе работи нормално“, изјави Солскјер.

Погба со Јунајтед има договор до 2021 и во медиумите се пишува дека има желба да ја промени средината.

„Не сум слушнал дека Погба не сака да биде тука. Сака да остане и ќе игра добро“, порача Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Собираше отпад на улиците и играше во трета лига, сега е лидер во одбраната на Анчелоти

Александро не е име што е познато на пошироката фудбалска јавност. И покрај тоа, 25-годишн…