Дома Фудбал Англија Еве што имаше да каже Солскјер за трансферот на Кавани

Еве што имаше да каже Солскјер за трансферот на Кавани

Во финишот од преодениот рок Манчестер Јунајтед вчера го потврди трансферот на Едисон Кавани.

Кавани се очекува да биде големо засилување за Манчестер Јунајтед, иако има 33 години нема сомневање дека се уште може да игра на високо ниво. Трансферот на Кавани го прокоментира и стратегот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Едисон е искусен професионалец кој секогаш го давал максимумот за својот тим. Со неговите голови и рекорди за клубовите и репрезентацијата покажа дека е голем играч, среќни сме што ќе имаме напаѓач од негов калибар“.

„Тој ќе ни донесе енергија, сила, лидерство, менталитет, но најважно од се е што – ни носи голови! Покрај сето тоа нашите млади играчи ќе имаат можност да учат од еден од најдобрите голгетери во последните 10 години во Европа“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Скај Спортс“ објави кога ќе си замине Анчелоти од Реал Мадрид

Реал Мадрид загуби од Арсенал на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Откак…