За само два месеци откако е на кормилото на Барселона, Роналд Куман веќе ја придоби соблекувалната, пренесува каталонски „Спорт“.
Весникот дури направи анализа на каков начин Куман успеал да ги убеди фудбалерите да му веруваат, односно го наметнал својот авторитет.
1 Го придоби Лионел Меси
Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Самиот Куман призна дека следниот ден после потпишувањето на договорот го посетил Лионел Меси во неговиот дом за да разговараат. На таа средба тој разговарал за проблемите на Аргентинецот и неговата желба да си замине од Барса. За кратко време Куман успеал да го придобие Меси на своја страна со погледите за тоа како треба да изгледа тимот и како да се развива, а главен адут му биле посериозни тренинзи и подобра физичка спремност.
2. Средба со други клучни фудбалери
Во разговорите со фудбалерите Куман се покажал како отворен човек кој отворено разговара за проблемите. Де Јонг и Гризман беа јавно критикувани после мечот со Севиља. Тој не сака да биде пријател со играчите, но да имаат јасен и отворен однос. После дебаклот од Баерн во ЛШ, сите фудбалери почуствувале дека е потребна радикална промена и им се допаднала филозофијата на Куман.
3. Работа со младите
Тренерот отворено им кажал на повеќето млади фудбалери дека најверојатно нема да добиваат многу шанса за игра. Така беше со Рики Пуч и со Карсел Алења, а тие процениле дека тренерот е искрен со нив и не прават раздор во соблекувалната.