Сопственикот на Челзи Роман Абрамович се уште не му дава отказ на тренерит Антонио Конте само поради огромната отштета која треба да му биде исплатена на Италијанецот.
Според „Дејли Мирор“ станува збор за сума од 10 милиони фунти, која го „чува“ Антонио Конте на „Стенфорд Бриџ“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, агентите на Конте веќе водат преговори за неговата иднина, а од Челзи воопшто не бунат на преговорите и се надеваат на брза разделба на крајот на сезоната и тоа со заемна согласност, за да ја спасат споменатата сума.
Според „Мирор“ најголема е веројатноста Конте да се врати на чело на италијанската репрезентација.
Имено на новиот селектор на Италија ќе биде објавено на 20-ти мај, еден ден после финалето на Купот каде Челзи може да се пласира доколку денес го совлада Саутемптон.