Репрезентативецот на Англија, Фабиан Делф ќе ги напушти редовите на Манчестер Сити.
Овој играч за врска на Етихад е од 2015. година кога пристигна од Астон Вила, а поради тоа што следната сезона му истекува договорот, пишувањата дека ќе си замине се се повеќе актуелни. Неколку клубови покажаа интерес за негово доведување, а медиумите во Англија пишвуаат дека следна дестинација во кариерата на Делф би можело да биде Евертон со кого наводно се договорил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Понудата на Карамелите го задоволила Делф и се согласил, сега само треба клубовите да го пронајдат заедничкиот јазик, а целиот транфер би требало да чини околу осум милиони фунти. Претходните недели, тренерот на Евертон изјави дека сака да го помлади тимот, но кога ќе ви се укаже прилика да доведете фудбалер како што е Делф, тогаш таа не се пропушта.
Реализацијата на транферот се очекува да биде во текот на денешниот ден.