Клубовите во Шпанија на големо се спремаат за продолжување на сезоната која е планирана за 12. јуни.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сезоната во Ла Лига беше прекината пред два месеци поради пандемијата со коронавирусот. Од претходната недела клубовите започнаа со тренинзи и наскоро ќе добијат дозвола да тренираат во групи.
Но, покрај тоа клубовите се спремаат и за наредната сезона. Дресовите за новата сезона веќе излегуваат во јавноста, а овој пат во центарот на вниманието се најде новиот дрес на Атлетико Мадрид.
Најк за Атлетико подготви нешто ново за следната сезона, а новиот изглед ги воодушеви навивачите на клубот.
