Дома Фудбал Италија Драстичен раст на цената, Милан го има најскапиот тим во Серија А

Драстичен раст на цената, Милан го има најскапиот тим во Серија А

Милан после 11 години го освои Скудетотои стана  најмладиот тим кој станал шампион на Италија.

Средната возраст на тимот на „росонерите“ е 26 години и 97 дена, а тоа е само доказ дека „росонерите“ имаат одлична база која може да доминира во Италија следните години.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Одличната сезона придонесе за драстичен пораст на цената на фудбалерите, па според „Трансфермаркет“ во моментов Милан го има најскапиот тим во Серија А.

Вредноста на тимот на „росонерите“ во моментов изнесува 522 милиони евра, со што го помина Јувентус, кој е проценет на 520 милиони евра.

На третото место е Интер чиј тим според „Трансфермаркет“ е проценет на 514 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Уапсен поранешен играч на Ајакс, Сити и Атлетико Мадрид

Поранешниот играч на Ајакс и сегашен помошник-тренер на вториот тим на клубот, Кики Мусамп…