Дома Останати Тенис Драма на Дејвис Купот: Американците изгубија поради беснеење на Тиафо 🎥

Драма на Дејвис Купот: Американците изгубија поради беснеење на Тиафо 🎥

Голема борба се води за место на финалниот турнир во Малага. Сега инцидент видовме на групата која се игра во Сплит, а го предизвика Американецот Франсис Тиафо.

Тиафо бркаше негатива која неговиот тим ја имаше против Холандија по поразот на Томи Пол од Ван де Задшулп.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Ова беше дуел на 11-тиот тенисер во светот (Тиафо) и 24-тиот на светската лига (Талон Грикспор. Тиафо го изгуби првиот сет со 3:6, а во вториот изедначи преку тај-брејк со 9:7. Во третиот сет следуваше вистинска драма, Холанѓанецот поведе со 5:2 и сервираше ас кој беше досуден како аут.

Можеше Тиафо да ја врати топката, но бидејќи беше досуден аут не реагираше, но после челенџот беше евидентно дека топката е добра, тоа Тиафо многу го налути.

„Како може вчера во ваква ситуација да се повтори поенот, а сега да се досуди како негов“, беснееше Тиафо.

Поради беснеењето на Тиафо му се одзема уште еден поен, па така Грикспор со 7:2 дојде до победата, а Холандија поведе со 2:0 против Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ: Ако не можам да се борам за титулата на Вимблдон, местото ќе им го препуштам на другите

Ссдумкратниот шампион на Вимблдон, Србинот, Новак Ѓоковиќ, е охрабрен од неговиот напредок…