Плејмејкерот на Словенија, Горан Драгаќ беше избран за МВП на Евробаскетот и тој ја педводи идеалната петорка.
Плејмејкерот на Мајами Хит одигра брилијантен турнир, а импресивен беше неговиот настап во првото полувреме во финалето против Србија, кога постигна 26 од 35 поени, а Словенија ја направи клучната разлика.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Драгиќ заслужено го освои МВП признанието, бидејќи со просечни 23 поени овозможи Словенија без пораз да стигне до европската титула.
Покрај Словенецот во идеалната петорка на првенството се најдоа уште и неговиот соиграч Лука Дончиќ, Шпанецот Пау Гасол, најдобриот српски играч Богдан Богдановиќ и најдобриот стрелец на турнирот Алексеј Швед од Русија.