Дома Останати Кошарка Дончиќ нема дилеми: Во Европа за него постои само еден клуб

Дончиќ нема дилеми: Во Европа за него постои само еден клуб

Реал Мадрид вчера славеше во пријателски меч против Далас маверикс со 127-123, а Лука Дончиќ одигра само пет минути.

Дончиќ доби мала минутажа со цел да не заработи повреда на теренот, а по мечот кажа дека бил среќен што се вратил во Мадрид.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Сакав да го играм целиот меч, но по повредата на тренингот сметаа дека тоа не е добро за мене. Во секој случај ова беше возбудлив ден.

Не би бил тука каде што сум ако не беше Реал Мадрид. Тука научив сè. Имам убави спомени и ако еден ден се вратам во Европа, тогаш тоа ќе биде во Реал Мадрид“, изјави Дончиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Тага во регионот: Почина Душко Вујошевиќ!

Тажна вест за српската кошарка, почина Душко Вујошевиќ, легендарниот кошаркарски тренер. С…