Дома Фудбал Италија Донадони отпуштен: Главен кандидат за наследник – легендата на Милан и Италија!

Донадони отпуштен: Главен кандидат за наследник – легендата на Милан и Италија!

Италијанскиот прволигаш Болоња после три години го отпушти 54 годишниот стратег Роберто Донадони поради лошите резултати во завршницата од првенството.

Донадони ја превзема Болоња во сезоната 2015/2016 и во првата сезона со овој тим заврши на 14-та позиција, додека во двете претходни овој клуб завршуваше на 15-та позиција.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Како играч Донадони со Милан се шест пати беше шампион на Италија, а на три пати ја освојуваше Европа. Како тренер беше селектор на Италија, а ги предводеше уште Наполи, Каљари и Парма.

Кога во прашње е неговиот наследник Италија очекува тоа да биде уште еден поранешен напаѓач на Милан – легендарниот Пипо Инзаги!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити го „прегази“ Ливерпул

Манчестер Сити убедливо со 3:0 славеше над Ливерпул во дербито од 11-то коло од Премиер ли…