Дома Фудбал Италија Долгогодишниот пријател откри каде ќе игра Роналдо следната сезона

Долгогодишниот пријател откри каде ќе игра Роналдо следната сезона

Иднината на Кристиано Роналдо се уште е нејзвесна бидејќи не е потврдено дали ќе остане во Јувентус.

Португалецот има уште една година од договорот со Јувентус, но „бјанконерите“ се спремни да го пуштат за да се ослободат од неговата висока плата.

Меѓутоа, неговиот соиграч и долгогодишен пријател Данило откри дека Роналдо и следната сезона ќе игра во дресот на Јувентус.

„Да се има Роналдо во тимот е многу важно бидејќи постигнува многу голови. Ние сме добри пријатели бидејќи се познаваме уште кога игравме за Реал Мадрид. Сигурно ќе биде со нас и следната сезона“, изјави Данило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aлварез направи уште еден потег со кој покажа дека не сака да игра веќе за Атлетико

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се вратија на тренинзите во клупскиот камп во Мајадахонда п…