Аргентинскиот напаѓач, Серхио Агуеро ова лето би можел конечно да го напушти Манчестер Сити.
За заминувањето на Агуеро од редовите на „Граѓаните“ се пишува долго време, односно неколку трансфер периоди. Сепак, ситуацијата никогаш не беше неизвесна, бидејќи Сити за време на јануарскиот трансфер период го ангажира Габриел Хесус кој „скокна“ во првиот состав пред Агуеро, а тоа на Аргентинецот, се разбира, не му се допаѓа.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Секако, поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид нема да има големи проблеми во обидот да најде нов клуб, а тоа би можело да биде и ПСЖ. Имено, како што пренесува англискиот „The Times“, Сити наскоро би требало да добие понуда вредна дури 60 милиони фунти за својот напаѓач од страна на богатите Парижани. Дали тоа ќе биде доволно „Граѓаните“ да го пуштат, останува да видиме.
Потсетуваме, Агуeро минатата сезона одигра 31 натпревар во Премиер лигата и постигна 20 гола со три асистенции.