Дома Фудбал Англија Доделени наградите за најдобар менаџер и најубав гол за месец април во Премиер лигата

Доделени наградите за најдобар менаџер и најубав гол за месец април во Премиер лигата

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше избран за најдобар менаџер за месец април во Премиер лигата.

„Граѓаните“ во четвртиот месец од годината одиграа пет натпревари во Премиер лгиата и сите натпревари ги добија, па Гвардиола сосема заслужено го доби ова признание. Треба да се додаде дека и Ливерпул на чело со Клоп исто така победи на сите пет натпревари, но сепак клучната работа беше во тоа што Сити го задржи првото место.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Интересно е тоа што Манчестер Сити речиси цела сезона игра одлично, а особено од нова година, за Гвардиола ова е второ овосезонско признание за најдобар тренер во месецот. На пример, Пеп минатата година четири месеци беше избран за менаџер на месецот.

Клоп исто така има две признанија, додека Солскјер, Бенитез, Хау, Санто и Гарсија признанието го добија по еднаш.

 

Инаку, за најдобар гол на месецот е избран голот на Еден Азар против Вест Хем, а се уште чекаме да дознаеме кој ќе биде играч на месецот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се подготвува сензационален трансфер на Левандовски уште оваа зима?

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски (37), изјави дека не се брза да го продолжи договорот …