Дома Фудбал Италија Добри вести за Јувентус: Де Лихт наскоро потпишува!

Добри вести за Јувентус: Де Лихт наскоро потпишува!

Џорџо Киелини и Паоло Дибала вчера го одиграа последниот натпревар за Јувентус на домашен терен, а за фановите на „старата дама“ пристигнуваат и малку добри вести. Имено, Матијас Де Лихт наскоро ќе стави потпис на нов договор.

После заминувањето на Киелини капитенската должност ќе ја преземе Бонучи (35), но Де Лихт е еден од оние кои во Јувентус очекуваат да бидат уште долги години носители на новиот проект.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Најавите се дека Де Лихт ќе потпише договор до 2026 година. Преговорите се во завршна фаза. Еден од најдобрите стопери во светот во Јувентус пристигна од Ајакс за 75 милиони евра и во последно време се шпекулираше дека може да замине, меѓутоа тоа како што стојат работите нема да се случи.

И самиот Де Лихт неодамна даде изјава во која најави дека сака да остане во Торино.

“На Раиола му ветив дека ќе останам во Јувентус и ќе станам заштитен знак на клубот. Не планирам да го прекршам дадениот збор“, гласеше изјавата на дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …