Дома Фудбал Италија Добри вести за Милан пред дуелот со Манчестер

Добри вести за Милан пред дуелот со Манчестер

Милан во последно време има големи проблеми со повредени фудбалери и синоќа на мечот против Наполи надвор од тимот беа шест фудбалери.

Исто беше и во првиот дуел со Манчестер Јунајтед, а денес конечно пристигнаа добри вести за тренерот Пиоли.

Имено, првата ѕвезда на тимот Златан Ибрахимовиќ денес одработи дел од тренингот заедно со своите соиграчи и најверојатно ќе биде спремен за реванш дуелот со „црвените ѓаволи“.

Целосен тренинг одработи и Исмаил Бенасер, кој сигурно ќе биде спремен за дуелот од Лига Европа против Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Маеска покрај Енцо Фернандез сака уште еден играч на Челзи!

Станува збор за Марк Гијуу, 20-годишен напаѓач кој според последните информации стана цел …