Дома Фудбал Добри вести за Барса: Дембеле започна со тренинзи!

Добри вести за Барса: Дембеле започна со тренинзи!

Барселона за две недели го игра големото дерби против Реал Мадрид, а Ернесто Валверде конечно доби добри вести кога се во прашање повредените играчи.

Познато е дека „Ел Класико“ сигурно ќе го пропушти Самуел Умтити кој се повреди на мечот против Селта. Тоа сигурно е голем удар за каталонскиот клуб бидејќи францускиот дефанзивец оваа сезона игра фантастично.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, не е се така црно за Барса и Валверде бидејќи после неколку месеци денес започна со тренинзи Осман Дембеле. Французинот ова лето пристигна на „Камп Ноу“ како замена за Нејмар, но се повреди на почетокот од сезоната и се шпекулираше дека ќе се врати дури во јануари.

Меѓутоа Дембеле денес започна со тренизи, го одработи целиот тренинг со остатокот од тимот, па најверојатно ќе биде спремен за големото дерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Има подобри избори од Керик за тренер на Јунајтед“

Рој Кин, легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, повторно го сподели своето мислење д…