Дома Фудбал Добра вест за Барселона: Винисиус повторно ќе има проблем во „Ел Класико“

Добра вест за Барселона: Винисиус повторно ќе има проблем во „Ел Класико“

По ремито на Реал Мадрид против Реал Бетис, Барселона доби уште една добра вест затоа што Роналд Араухо сепак ќе добие само еден натпревар суспензија.

Правилникот на Ла Лига вели дека директен црвен картон значи два натпревари суспензија, но затоа што се работи за само „обичен“ спортски фаул фудбалерот ќе биде суспендиран само на еден натпревар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Араухо против Валенсија како последен играч во одбраната го повлече противничкиот фудбалер и мирно се упати во соблекувалната, па затоа од Ла Лига процениле дека нема причина да добие два натпревари суспензија.

Тоа значи дека Араухо ќе биде суспендиран само за натпреварот против Атлетик Билбао и ќе биде на располагање во „Ел Класико“ на 19-ти март на „Камп Ноу“. Ова е најдобра можна вест за тренерот Чави Ернандез кој се навикна во секој натпревар против Реал да го игра Араухо како лев бек за да го чува Винисиус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…