Рома на Енфилд загуби со 5:2, a Ди Франческо рече дека неговите играчи дополнително им ја олесниле работата на Ливерпул затоа што многу грешеле во додавањата.
„Не можеме да зборуваме за натпреварот против Барселона ако стално губиме дуели и имаме грешки во додавањата. Бевме лесни за читање, се знаеше кој пас ќе го одиграме и јасно е дека во таквите ситуации губиме глави“ – започна Ди Франческо.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Не мислам дека тој систем со тројца во одбраната не функционираше. Бевме добри во првите 20 минути, значи не е тоа проблемот. Проблем е што тие ја искористија секоја прилика на наша грешка од средниот ред. Ја изгубивме секоја ситуација еден на еден. Имаме и реванш и сеуште имаме шанси. Ако не верувате во чуда тогаш не треба ни да играте вакви натпревари. “
„Пред натпреварот против Барселона реков дека верувам во нашите шанси и сега истото ќе го кажам. Тимот вечерва потполно ја изгуби самодовербата. Ќе видиме потполно друга Рома во реваншот. Ако изгубите многу дуели на теренот тогаш очигледно е дека ќе го изгубите натпреварот. Ако противникот ја има топката и сака да одигра пас, не можете само да стоите и чекате тоа да се случи, посебно ако е логично што ќе одигра. Им ја олеснивме работата.“ – заврши Ди Франческо.