Спортскиот директор на „старата дама“, Фабио Паратичи изјави дека Матијас де Лихт е најдобрата инвестиција на Јувентус.
Паратичи е „архитект“ на овој Јувентус и најзаслужен за добрите трансфери, а тој го избра 20-годишниот Холанѓанец како најдобрата инвестиција на „бјанконерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Најдобрата инвестиција која некогаш сме ја направиле. Се смеам кога ќе слушнам дека некој се сомнева во него. Отсекогаш сум бил сигурен во неговите квалитети“, изјави Паратичи.
„Неговите соиграчи ми рекоа дека е феноменален. Зошто? Бидејќи има 20 години, игра стопер во еден огромен тим. Тоа е лудост. Поради повредата на Киелини тој веднаш влезе во игра. Тој ќе ја обележи оваа ера и ќе биде најдобар дефанзивец во наредните 10 години“, заклучи Паратичи.
Де Лихт ова лето пристигна во Јувентус за 75 милиони евра и имаше тежок старт на сезоната, па често беше мета на критики.