Манчестер Јунајтед е подготвен да потпише професионален договор со синот на својот поранешен играч Фил Невил, Харви, кој моментално игра во Валенсија.
14-годишниот Харви Невил шпанските медиуми го споредуваат со уште еден легендарен фудбалер на Јунајтед, Дејвид Бекам, поради неговиот стил на игра.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Младиот Невил, за кого е заинтересиран и Тотенхем, дојде во Валенсија во 2015 година кога татко му беше помошник тренер на првиот тим, а чичко му Гери Невил беше главен тренер.
Сега талентот повторно ќе се врати на Островот, а фаворит за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед.