На прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Ерменија заедно со селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција присуствуваше и голманот Столе Димитриевски.
Македонскиот голман сметаат дека поискусните треба да бидат оние кои ќе го повлечат тимот.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Нормално е поранешните колеги кои не се веќе тука да имаат свое мислење, јас како заменик капитен на репрезентација сум фокусиран и максимално спремен да го одработам натпреварот со нашиот утрешен противник. Најважно е утре да победиме за да имаме шанси за првото место, па потоа можеме да зборуваме на други теми.
Ние поискусните треба да тргнеме и да го повлечеме возот за помладите да се качат. Како што кажав утре е најважен резултатот и Македонија треба да победи, тоа е во мислите на целата екипа“, изјави Димитриевски.
Натпреварот против Ерменија го играме утре од 20:45 часот на Националната рена.