Дома Трансфер зона Дибала се сели клуб со кој нема да игра во Лигата на шампионите?

Дибала се сели клуб со кој нема да игра во Лигата на шампионите?

Италијанските медиуми објавија нови детали за иднината на Пауло Дибала, кој во моментов се наоѓа во Торино откако му заврши договорот со Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дибала во следната сезона нема да игра во Лигата на шампиони (ЛШ) затоа што решил да потпише за Рома.

Иако често се шпекулираше дека Аргентинецот ќе се пресели во Интер, а ситуацијата ја следеше и Наполи, сепак тимот на Жозе Мурињо бил најупорен во преговорите.

„Тутомеркато“ пишува дека Дибала прифатил трансфер во Рим, меѓутоа ќе мора да почека пред да потпише договор затоа што „Волчицата“ се обидува да го продаде Николо Заниоло.

Поранешниот фудбалер на Јувентус се очекува да потпише четиригодишен договор со Рома, а ќе добие плата од четири милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…