Дома Трансфер зона Дибала одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Дибала одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Италијанските медиуми пренесуваат дека Пауло Дибала одлучил кариерата да ја продолжи во Интер.

Како што е познато Дибала го напушта Јувентус на крајот на сезоната како слободен агент, откако двете страни одлучија да ги прекинат преговорите за продолжување на договорот.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Иако имаше неколку понуди, Дибала сепак се одлучил да се пресели во директниот ривал и е блиску до договор со Интер.

Бепе Марота, кој е бивш директор на Јувентус, ја искористил ситуацијата и започнал преговори со агентот на Дибала.

Интер сака да го донесе Дибала без обештетување, а да го продаде Лаутаро Мартинез за 70 милиони евра и така да ги финансира другите летни трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер го „краде“ засилувањето на Манчестер Сити

Интер е силно заинтересиран за младиот стопер Џума Бах, кој моментално настапува за Ваљадо…