Дома Фудбал Италија Дибала ги откри плановите за иднина, тие се поврзани со…

Дибала ги откри плановите за иднина, тие се поврзани со…

Иднината на Пауло Дибала во Јувентус се уште е неизвесна бидејќи Аргентинецот нема ставено потпис на нов договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дибала уверува дека негова најголема желба е да остане во Јувентус, но преговорите помеѓу двете страни не се одбиваат според планот.

Раководството на „бјанконерите“ му нуди плата од 10 милиони евра, а Дибала не е задоволен, па одолговлекува да стави потпис.

„Доаѓањето во Јувентус беше еден од најсреќните денови во мојот живот. За во иднина имам само две желби, да освојам Лига на шампиони со Јувентус и Мундијалот со Аргентина“, истакна Дибала.

„Да се игра во Јувентус е вистинска емоција, а да се носи дресот со бројот 10 е голема одговорност. Многу работи беа пренесени низ медиумите, а тие немаа никаква поврзаност со реалноста, пласирани беа многу лаги околу мојот договор, јас се гледам себе си уште долго во Јувентус“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хит изјава на Ибрахимовиќ за Меси: Има пет гола на два натпревари на СП, јас нула на два Мундијали…

Лео Меси блеска на почетокот на Мундијалот, предводејќи ја Аргентина со пет погодоци досег…