Фудбалот многу пати досега ни донел многу неверојатни приказни.
Обично денешните млади ѕвезди до неодамна имаа свои идоли, а некои од нив имаа среќа да дојдат во ситуација да играат со нив во истиот клуб.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Брахим Диаз, кој во Реал Мадрид дојде од Манчестер Сити вчера во натпреварот помеѓу Реал и Хуеска му асистираше на Иско при постигнувањето на еден од погодоците. И тука не би било ништо необично доколку Диаз претходно не беше собирач на топки и го имаше на иста фотографија со Иско.
Имено, во 2011 година тој се најде на иста фотографија во која во крупен кадар се Иско и Казорла.
Диаз овие две фотографии ги објави на неговиот Инстаграм профил. На едната Диаз е во позадина како собирач на топки, а на една го прославува погодокот заедно со Иско.

