Холанѓанецот Матијас Де Лихт верува дека во Јувентус може да стане голем дефанзивец.
Во клубот од Торино Де Лихт пристигна ова лето за повеќе од 70 милиони евра, а откако првиот натпревар против Парма го следеше од клупата за резерви следуваа голем број критики, но тој не е загрижен премногу поради тоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Изненаден сум кога гледам како критикуваат затоа што не играм, тоа е дел од процесот кој еден млад играч треба да го помине. Пред да дојдам тука имав долг разговор со Сари. Ми кажа што очекува од мене и дека ќе следат големи промени. Јас сфаќам дека сум од ден во ден се подобар“.
За него Јувентус е друг свет во однос на Ајакс.
„Станува збор за тактика, дисциплината е многу важна. Се се распоредува до детали. Верувам дека ќе напредувам уште повеќе“.
Од голема помош е и што покрај него има големи професионалци како Роналдо.
„Роналдо и останатите ѕвезди се совршени учители. Ми покажуваат како да станувам подобар. Неверојатно е со што се соочува. Тоа 1000 пати потешко отколку што јас сум доживеал. И покрај се тој често пати наоѓа време за своите обожаватели и за мене тоа е важна лекција. Понекогаш ќе помислам: Немој сега…Но навистина тоа е толку мал напор кои на фановите им значи многу. На навивачите им должиме многу“, изјави Де Лихт.