Дома Фудбал Италија Де Лаурентис ја изненади Италија: Да го вратам Игуаин? Зошто да не?

Де Лаурентис ја изненади Италија: Да го вратам Игуаин? Зошто да не?

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис не ја исклучи можноста да го врати Аргентинецот иако напаѓачот со конфликт со првиот човек на клубот од Неапол.

Игуаин летото 2016 година ги потресе Апенините кога направи трансфер од Наполи во Јувентус за 94 милиони евра и така на себе го навлече бесот на југот на Италија. Навивачите секако никогаш не му простија, а уште помалку сакаат повторно да го видат под везув.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не е на мене да зборувам за тоа, тренерот Анчелоти никогаш не ме прашал. Ако посака би му одговорил: Зошто да не?“, изјави контроверзниот претседател на Наполи.

Сепак, вакво сценарио изгледа невозможно затоа што тешко дека Игуаин ќе прифати да се врати во Наполи каде што знае дека не е посакуван.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кристијано Роналдо нешто не успеа за првпат после 16 години

И тој е само жив човек, би рекле некои во негова “одбрана” поради тој “п…