Дома Фудбал Италија Де Лаурентис: Скудето? Поважно е да ја освоиме Лигата на шампионите

Де Лаурентис: Скудето? Поважно е да ја освоиме Лигата на шампионите

Наполи игра одлична сезона во Италија и само чудо треба да се случи да не го освојат Скудетото на кое чекаат од 1990 година, но целта на овој тим не е само титулата во Италија.

Вечерва во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, Наполитанците играат против Ајнтрахт, а пред овој натпревар голем оптимизам покажа првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Игравме против тимови како Челзи и Баерн Минхен. Навистина сум воодушевен од атмосферата кога игра Наполи и мислам дека не заостануваме многу зад ривалите. Скудетото? За мене поважно е да ја освоиме Лигата на шампионите, така светот ќе добие поголема слика за Наполи“, изјави Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Распад систем во Мадрид: Чаби побара еден фудбалер, а доби сосема друг, па го одби барањето на Перез

Чаби Алонсо го напушти Реал Мадрид, а денес се појавија нови информации. Најпрво, новата в…