Дома Фудбал Италија Де Лаурентис сакал да го избрка Анчелоти – го спасиле адвокати?

Де Лаурентис сакал да го избрка Анчелоти – го спасиле адвокати?

Наполи вечерва игра на свој терен против Џенова, но во Неапол во овие моменти малку кој размислува само за натпреварот.

Во претходните денови се случуваа разни скандали во овој клуб, а се започна со поразот од Рома. Претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис донесе одлука за седумдневен карантин, но фудбалерите не ја испочитуваа неговата наредба.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


После натпреварот во Лигата на шампионите против Салзбург играчите си отидоа во своите домови, а потоа одбија да тренираат. Вчера фудбалерите се појавија на тренингот, но таму ги дочекаа навивачите кои ги нарекуваа платеници.

На удар се најде и тренерот Карло Анчелоти кои наводно им ја дал дозволата да не се вратат во карантинот. Поради таа одлука Де Лаурентис бил бесен и спремен да го отпушти италијанскиот тренер.

Но, како што пишува „Газета дело Спорт“ на крајот Анчелоти го спасиле адвокатите кои му објасниле на Де Лаурентис дека ако го отпушти искусниот стратег ќе мора да му плати висока оштета. Според информациите, Де Лаурентис сметал дека Анчелоти ја изгубил довербата од одредени играчи во соблекувалната.

После 11 одиграни кола Наполи се наоѓа на седмата позиција со 18 бодови. Наполитанците веќе заостануваат 11 бода зад лидерот Јувентус и изгледа дека трката за титулата е веќе изгубена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…