Дома Фудбал Италија Де Лаурентис ги казнува во Наполи: Замрзнати сметки за месецов, Елмас без 375.000 евра?

Де Лаурентис ги казнува во Наполи: Замрзнати сметки за месецов, Елмас без 375.000 евра?

Во Наполи настана вистински хаос дел од тимот отворено бунтува против првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис.

Се започна после натпреварот со Салзбург во Лигата на шампионите кога место во карантин фудбалерите си заминале во своите домови. Поради тој бунт Де Лаурентис ги замрзнал платите се овој месец и има намера да ги казни фудбалерите со 25% на крајот од сезоната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ова значи дека македонскиот фудбалер Елиф Елмас кој добива 1.5 милион годишно, ќе остане без 375.000 евра.

Де Лаурентис наводно сака да се ослободи од играчите кои биле предводници на овој бунт и помеѓу нив се и добар дел од првиот тим. Во Италија се тврди дека на трансфер листата ќе бидат ставени: Инсиње, Кулибали, Алан, Мертенс и Каљехон.

Кулибали, Алан и Инсиње според информациите можат да заминат уште во јануари, додека договорите на Мертенс и Каљехон истекуваат на крајот од сезоната и клубот нема да им понуди продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…