Дома Фудбал Англија Де Брујн: Колку се спремавме за Јунајтед? 15 минути утрово, ништо повеќе

Де Брујн: Колку се спремавме за Јунајтед? 15 минути утрово, ништо повеќе

Фудбалерите на Манчестер Сити вчера без поголеми проблеми го победија Манчестер Јунајтед со 3:1 во првото полуфинале од полуфиналето во Лига купот.

Де Брујн правеше многу проблеми на одбраната на Манчестер Јунајтед која вчера изгледаше како да е одбрана на аматерски тим, барем во првото полувреме кога „граѓаните“ ги постигнаа првите три гола.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гвардиола на овој натпревар го изненади Солскјер и излезе со формација без напаѓач, Бернардо Силва и Де Брујн играа како лажни деветки кои се движеа помеѓу нападот и средниот ред. Токму тие двајца беа најдобри на теренот.

После натпревар Де Брујн порача дека на Сити му биле доволни 15 минути да се подготви за Јунајтед.

„Формацијата ја вежбавме 15 минути утрово, ништо повеќе тоа беше се. Во понеделникот на тренингот не го работевме тоа. Но, тоа не беше тактика која не сме ја користеле против други тимови. Неколку пати сме играле вака“, изјави Де Брујн.

За Белгиецот ништо уште не е завршено.

„Не е завршено бидејќи во овој натпревар не постои правилото гол на гости. Значи, тие можат да постигнат два гола на наш терен, меѓутоа сигурно дека предноста е добра“, заврши фудбалерот на „граѓаните“.

Реваншот помеѓу овие два тима се игра на 29. јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…