Дома Фудбал Англија Де Брујн има скршен нос, го пропушта стартот на ЕУРО

Де Брујн има скршен нос, го пропушта стартот на ЕУРО

Кевин Де Брујн најверојатно ќе го пропушти стартот на престојното европско првенство, поради повредата која ја заработи на синоќешното финале во ЛШ.

Де Брујн го напушти мечот во 60-та минута поради судирот со Рудигер и веднаш беше пренесен во болница.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Утрово стана јасно дека Белгиецот има скршеница на носот и левата јаболчница и ќе мора да паузира извесен период.

„Штотуку се вратив од болница, мојата дијагноза е акутна фрактура на носната коска и фрактура на очната шуплина. Добро се чувствувам, но и понатаму сум разочаран поради вчерашниот пораз, но ќе се вратиме“, порача Белгиецот.

Медиумуте тврдад дека Де Брујн сигурно ќе ги пропушти првите два меча од Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арбелоа: Кој не верува во победа на Реал против Баерн, не мора да оди во Минхен

И покрај поразот од Баерн со 1:2, Алваро Арбелоа изрази самодоверба пред реваншот во Минхе…