Дома Македонски спорт Дејан Георгиевски уште во првото коло на ОИ со светски шампион!

Дејан Георгиевски уште во првото коло на ОИ со светски шампион!

Претставникот на Македонија на Олимписките игри Дејан Георгиевски уште во првото коло ќе има тешка задача против Рафаел Алба од Куба.

Против Алба Георгиевски ќе се сретне на 27. јули, а борбата ќе биде помеѓу три и четири часот после полноќ по македонско време. Георгиевски пред почетокот на турнирот најави дека ќе оди на златен медал.

Алба во кариерата беше и двоен светски шампион од 2013 и 2019 година, во 2015 година освои бронза, па на хартија е фаворит против нашиот претставник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Хуманоста секогаш победува: Лина Ѓорческа го продава својот победнички рекет за малиот Јаков!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се вклучи во акцијата за помош на малиот Јаков. Откак…