Управата на Јувентус веќе го доведе Блез Матуди, но веројатно тоа не е последното засилување од средниот ред до крајот на овој преоден рок, поради тоа фудбалерот кој израсна во дресот на Јуве би можел да го напушти клубот.
Матуди и фудбалерот од средината кој би требало да пристигне веројатно ќе го потиснат Клаудио Маркизио во втор план, а тоа не му се допаѓа на Италијанецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познато е дека Маркизио и претходно имаше одлични понуди од неколку големи европски клубови, но сепак на крајот се одлучуваше да остане верен на „старата дама“.
Маркизио секако дека ќе добие солидна минутажа, но далеку е од тоа дека би можел да биде стандарден во средината на теренот.
Медиумите во Италија тврдат дека е разочаран и дека размислува за заминување. Останува да видиме дали Јуве ќе се одлучи да го пушти единствениот играч во клубот во овој момент кој е производ на нивната школа.