Дома Фудбал Англија Детали за сообраќајката на Рашфорд: Се судрил со бабичка која воопшто не знаела кој е

Детали за сообраќајката на Рашфорд: Се судрил со бабичка која воопшто не знаела кој е

Maнчестер Јунајтед викендов славеше победа против Барнли од 0:1, а Маркус Рашфорд по натпреварот се најде во центарот на вниманието поради нефудбалски работи.

Имено, на заминувањето од натпреварот Рашфорд направил сообраќајка и го оштетил неговиот Ролс Ројс вреден околу 700.000 фунти.

Сега на Островот се појавуваат и детали околу сообраќајката. Наводно, фудбалерот направил судар со бабичка која се враќала од кај своите внуци.

Жената имала 74-години и бидејќи не следела фудбал воопшто не знаела кој е Рашфорд кој веднаш излегол од автомобилот да провери дали е се во ред со неа. На местото набрзо стигнал и Бруно Фернандеш, а потоа и докторот на Манчестер Јунајтед кој и понудил лекарска помош.,

Бабичката на крајот била со такси однесена во нејзиниот дом.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Потпишани се документите со кои Доминик Ливаковиќ го направи трансферот на животот!

Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ е нов член на Барселона. Веќе се потпишани сите докуме…