Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Дерби на денот: Англија – Белгија, веројатни состави, квоти, предлог тип

Дерби на денот: Англија – Белгија, веројатни состави, квоти, предлог тип

Репрезентациите на Англија и Белгија ќе ги одмерат силите во последниот меч од Групата Г на Светското првенство. Веќе се е јасно кој ќе патува во осминафиналето, но после овој меч ќе биде познато крајното класирање во групата.

Двете репрезентации ќе излезат на мегдан за првото место во групата, кое барем на теорија ќе им обезбеди полесен противник во осминафиналето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред почетокот на мечот показателите на двата тима се апсолутно израмнети. Двете репрезентации имаат по 6 бода и гол разлика 8:2. Тоа го прави исходот на денешниот меч уште поважен, бидејќи на крајот може со ждреб да се одлучува победникот на групата.

Англија со Кејн, Белгија без Лукаку

Англија пристигна во Русија со релативно млад состав, но веднаш им одговори на критичарите со две стратни победи. Победата над Панама од 6:1 дури е и најголема за „Гордиот Албион“ во историјата на светските првенства. Хари Кејн е главна ѕвезда во тимот и моментално е прв стрелец на турнирот со 5 постигнати гола.

За Белгија очекувањата беа големи и пред почетокот, со оглед на квалитетот со кој располага оваа селекција. Избраниците на Роберто Мартинез стигнаа до две лесни победи, меѓутоа сега следи главниот тест за Белгијците.

Се очекува двата тима да направат неколку промени во составите за да зачуваат свежината кај некои од ѕвездите. Во Белгија најверојатно во стартниот тим нема да бидат Ромелу Лукаку, Еден Азар и Дрис Мертенс. Во одбраната Томас Вермален и Винсент Компани најверојатно ќе започнат од првата минута.

Веројатни состави

Англија: Пикфорд, Џонс, Стоунс, Кејхил, Арнолд, Деле Али, Дајер, Делф, Роуз, Рашфорд, Кејн.

Белгија: Куртоа, Вермален, Компани, Алдервајлед, Дембеле, Фелаини, Јанузај, Чадли, Азар, Тиелеманс, Бачуаи.

Според букмејкерите Англија е фаворит во овој дуел. Коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 2.58 за реми 2.88 додека за победа на Белгија коефициентот е 3.15.

Предлог тип:

Реми на полувреме @1.98 во Coinbet24

Двата тима даваат гол @1.87 во Coinbet24

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…