Дома Останати Ракомет Младинците на Пелистер го декласираа Кјелце и се на чекор до Ф4-турнирот во ЛШ

Младинците на Пелистер го декласираа Кјелце и се на чекор до Ф4-турнирот во ЛШ

Младите ракометари на македонскиот претставник Пелистер забележаа импресивна победа над Кјелце со резултат 37-29, во полуфиналниот дуел од групата 4 во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од самиот старт на натпреварот, битолчани наметнаа висок ритам и доминираа на теренот. По само десет минути игра имаа убедливо водство од 8-3, кое постојано го зголемуваа со сигурна и организирана игра. На полувреме заминаа со двоцифрена предност од 22-11, оставајќи ги Полјаците без одговор на брзата и агресивна игра на Пелистер.

Во вториот дел, Кјелце се обиде да се врати во натпреварот, но бројните грешки и непрецизни напади беа казнети од македонскиот тим, кој стигна до водство од 25-12. Иако во финишот малку го намалија интензитетот, ракометарите на Пелистер ја задржаа контролата и на крај славеа сигурна и заслужена победа.

Најрасположен за игра кај македонскиот тим беше Хаџиќ, кој натпреварот го заврши со дури 14 постигнати голови, и беше вистински лидер на теренот.

Фото: РК Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Погледнете го видеото со кое Вардар го најави големото враќање во Лигата на шампионите (Видео)

По четиригодишно отсуство, Вардар повторно ќе биде дел од ракометната елита во Европа. Мак…