Дома Фудбал Италија Дерби во Суперкупот на Италија: Интер е во серија, Јувентус расположен доаѓа во Милано

Дерби во Суперкупот на Италија: Интер е во серија, Јувентус расположен доаѓа во Милано

Дерби д’Италија ќе ја реши судбината на Суперкупот на Италија оваа година, бидејќи Интер и Јувентус ќе се судрат на Џузепе Меаца во среда вечерта.

На 34-тото издание на мечот меѓу шампионот во Серија А и победникот на Купот на Италија не само што е вистинско дерб, што е шанса за прв трофеј сезонава за екипите, туку ова е и дуел на двата најуспешни клуба во Калчото.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интересно е тоа што овонеделната пресметка на победниците во лигата и купот ќе биде само второто Дерби д’Италија во Суперкупот, по изданието во 2005 година.

Интер со неверојатна серија

Севкупно, Нероаѕурите имаат скор од четири порази и пет победи во Суперкуповите, откако претходно го подигнаа трофејот во 1989, 2005, 2006, 2008 и 2010 година, но сега бараат уште еден по нивната децениска суша.

Тимот на Симоне Инзаги има долга серија без пораз и сега ќе имаат обид таа серија да биде крунисана и со трофеј.

По зимската пауза, првиот меч минатата недела заврши одлично за Интер, со победа во дербито против Лацио од 2:1. Тоа беше продолжување на серијата од осум победи по ред во Серија А и одазда за поразот во првиот дел од сезоната од истиот тим. Впрочем, тој пораз од Лацио уште од средината на Октомври е последен за Интер во Италија.

Мора да се напомене дека во текот на 2021 година, Интер стана првата екипа која постигнала повеќе од 100 голови во Серија А во една календарска година од 1950 година.

Јуве расположен патува во Милано

Јуве влегува во овој меч по неверојатниот натпревар викендов. Јуве гостуваше кај Рома во Рим и славеше со 3:4. Но тој меч е дефинитивно најуавиот оваа сезона. Водеше Рома со 3:1, за во рок од седум минути Јуве да постигне три гола и да направи целосен пресврт.

Поттикнат од тој успех во главниот град, Макс Алегри сега ќе се обиде да го пренесе во Милано, каде што тие ќе се обидат да ја продолжат формата со која забележаа шест победи од нивните последни осум натпревари и останаа непоразени од месец Ноември.

Јуве мака мачи во Серија А и се наоѓа на петтото место на табелата што никако не ги задоволува нивните апетити, но мора да се напомене дека овој тим се соочуваше постојано со проблеми во својот состав.

Откако го победи Интер во полуфиналето на Купот на Италија минатата сезона на патот да го подигнат трофејот по 14-ти пат – Јувентус сега има голема можност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатно: Нејмар во ПСЖ добивал по 200.000 евра за аплаудирање на навивачите

Иако поминаа седум години трансферот на Нејмар од ПСЖ во Барселона се уште знае да биде те…