На денешен ден 2003 година е одигран еден од најдраматичните натпревари во Лигата на шампионите и ден кога Пипо Инзаги го постигна најзначајниот гол во кариерата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во четвртфиналето од ЛШ Милан го пречека Ајакс на „Сан Сиро“ после ремито без голови во Амстердам. Тимот на Анчелоти беше десеткуван од повреди и суспензии, но во нападот го имаше расположениот Инзаги.
Токму Инзаги и постигна гол за водство на „росонерите“, но Ајакс не се предаваше и израмни на 1:1. Потоа Шевченко на асистенција на Пипо погоди за водство од 2:1, но Пиенар го шокираше Сан Сиро и израмни на 2:2.
Кога судијата покажа судиско продолжение од 3 минути се чинеше дека е готово, но во 91-та минута Супер Пипо (од никаде) се најде сам пред противничкиот голман и го матираше за победа и експлозија на Сан Сиро.
Таа година Милан ја освои Лигата на шампиони, а Инзаги признава дека голот против Ајакс е најважниот во неговата богата кариера.