Дома Останати Кошарка НБА Денвер и Јокиќ беа одлични, но Дејвис го реши победникот со звукот на сирената 🎥

Денвер и Јокиќ беа одлични, но Дејвис го реши победникот со звукот на сирената 🎥

ЛА Лејкерси поведоа со 2:0 во финалето на Западната конференција откако со реузлтат 105:103 славеа против Денвер.

Лејкерси ја добија првата четвртина со 29:21, а во втората во еден момент имаа и +16. Во второто полувреме Наџентси се разбудија и се вратија во мечот.

Екипата од Денвер во одлучувачката четвртина успеа и да поведе 86:87, но во Лејкерси повторно ја вратија предноста во своја корист. Последните минути беа изедначени и драматични. Победникот беше одлучен со звукот на сирената, а тројката за конечни 105:103 ја погоди Дејвис.

Токму Дејвис беше најефикасен на мечот со 31 поен и девет скока. Џејмс стигна до нов дабл-дабл со 26 поени и 11 сокови. Кај Денвер најдобар беше Јокиќ кој оствари учинок од 30 поени и шест сокови, Мареј натпреварот го зарши со 25 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал прави тандем од соништата Мбапе- Халанд

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ова лето не донесе звучни засилувања, но се…