Дома Трансфер зона Дембеле призна: Одбивав да тренирам, само да ме пуштат во Барса!

Дембеле призна: Одбивав да тренирам, само да ме пуштат во Барса!

Најскапото засилување во историјата на Барселона, Осман Дембеле призна дека одбил да тренира со Борусија Дортмуд за да изврши притисок на „милионерите“ да го пуштат на „Камп Ноу“.

Дембеле одби да тренира со тимо, Дортмунд минатиот месец ги суспендираше поради тоа, но Французинот не жали што искористил такво средства за да се реализира трансферот.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Се зависеше од преговорите помеѓу Барса и Борусија. Јас требаше да бидам трпелив и да чекам. Одлучив да престанам да одам на тренинзи и барав изговори. Ако не го направев тој притисок можеби сега немаше да бидам во Барса и сега ќе жалев поради тоа“, објасни Дембеле.

Барселона го сакаше и минатото лето, но Дембеле тогаш се одлучи за Борусија Дортмунд.

„Сакав да учам, да играм Лига на шампиони, да се запознаам со врвните натпреварувања и да играм во голем клуб. Сакав да играм редовно и да се развивам. Во Барса ќе можев да учам на тренинзи, но немаше да имам толкава минутажа. За среќа, Барса се јави и по втор пат и не можев да го пропуштам овој воз“, заклучи младиот Французин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид како замена за Карвахал сака играч на Манчестер Јунајтед?

Реал Мадрид внимателно го следи развојот на одбранбениот играч на Манчестер јунајтед, Диог…