Дома Фудбал Англија Дебакл: Евертон го прегази Манчестер Јунајтед! (ВИДЕО)

Дебакл: Евертон го прегази Манчестер Јунајтед! (ВИДЕО)

СВо рамките од 35-тото коло денес во натпреварот кој започна во 14:30 часот Манчестер Јунајтед претрпе вистински дебакл во натпреварот против Евертон.

Дефинитивно ова не е Манчестер Јунајтед од пред неколку недели кој правеше чуда под водство на Оле Гунар Солскјер, овој Јунајтед наликува на оној кога Мурињо беше во клубот. Денес Евертон со фантастична игра на „Гудисон Парк“ ги прегази „ѓаволите“ со 4:0.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Карамелите“ до водство стигнаа во 13-тата минута со одличниот гол со полуножички на Ричарлисон во 13-тата минута. Во 28-та минута Гифли Сигурдсон зголеми на 2:0. Тоа беше и резултатот со кој се замина на полувремето.

На нов гол во мрежата на Де Геа се чекаше до 56-тата минута кога Лукас Диње погоди со фантастичен волеј удар.

Само неколку моменти подоцна Сигурдсон беше блиску до погоди директно од корнер, но Де Геа го спаси својот гол. Меѓутоа и Де Геа не можеше ништо да направи кога во 64-тата минута Тео Волкот излезе во чиста прилика еден на еден против шпанскиот голман. Поранешниот играч на Арсенал сигурно ја погоди мрежата за убедливи 4:0.

До крајот гледавме нешто по смирена игра и Евертон оствари една од најубедливите победи во натпреварите против Манчестер Јунајтед.

После овој пораз Манчестер Јунајтед изгледа дека тешко ќе стигне до четвртата позиција и место во Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ сега имаат 64 бода на шестата пзоција, Челзи има 66 и Арсенал кој денес 17:00 часот игра против Кристал Палас има исто така 66.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Одреден датумот на кој ќе се игра финалето на Светското клупско првенство, фудбалерите веќе критикуваат

Финалето на Светското клупско првенство во 2025 година ќе се одржи на стадионот „Меклајф“ …