Дома Фудбал Останато Двојниот светски шампион со Бразил „заглави“ во долгови – судот го избрка од домот!

Двојниот светски шампион со Бразил „заглави“ во долгови – судот го избрка од домот!

Легендата на бразилскиот фудбал и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, славниот Кафу се најде во големи проблеми во приватниот живот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Како што стојат работите, Кафу колку што беше добар на теренот, толку беше лош бизнисмен и лошите потези скапо ги плаќа. Во најдобрите денови од кариерата Кафу заработуваше и четири милиони евра годишно и сето тоа го инвестираше во недвижен имот и бизниси, се посвети на менаџерската работа, а сега се соочува со проблеми.

Кафу поради големите долгови сега мора да го продава имотот кој го стекнал, а на ред дошла и вилата во која живеел со семејството во Сао Паоло. Станува збор за вила вредна пет милиони долари и таа е продадена за трипати помала вредност од страна на судот на аукција.

Се обидел Кафу да избегне нејзино продавање, тврдел дека таа е негов дом и понудил да бидат продадени останатите имоти кои ги поседувал, меѓутоа во судот немали милост и останале на одлуката. Сега Кафу има 45 дена да ја напушти вилата.

Kaфу со Бразил освои две Светски првенства, а во витрините стави се што можеше да се собере со Милан и Рома. Големата кариера ја заврши во 2009 година во англискиот нисколигаш Гарфорт Таун.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Враќањето на Мурињо во Реал го најави и Фабрицио Романо!

И покрај тоа што клубовите истакнуваат јавно деманти, Романо тврди дека луѓето блиски до М…