Дома Фудбал Останато Двајца позитивни во таборот на Италија! Дали се кријат позитивни фудбалери?

Двајца позитивни во таборот на Италија! Дали се кријат позитивни фудбалери?

Двајца членови на стручниот штаб на селекторот Роберто Манчини дадоа позитивни тестови на Ковид и веднаш се изолирани.

Италијанските медиуми јавуваат непотврдени информации дека и петмина играчи се позитивни на Ковид.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Оваа шпекулација ја пренесе поранешниот соработник на Манчини во Интер, Дарио Марколин, кој изјави дека двајца членови на стручниот штаб и пет фудбалери биле позитивни при пристигнувањето во тренинг центарот на репрезентацијата.

Федерацијата до сега потврди дека има само двајца членови на стручниот штаб позитивни, па се шпекулира дека можно е намерно да се кријат позитивните играчи.

Манчини има кадровски проблеми пред дуелот со Македонија во четврток, а оваа Ковид криза може дополнително да го ослабе тимот на „аѕурите“.

Утре ќе се направат нови тестови, особено на играчите кои доаѓаат од Интер и Јувентус, каде овие денови се појавија позитивни играчи на Ковид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ова е најчудниот автогол во историјата: Голманот го одбрани пеналот, но фудбалерот ја испрати топката во својата мрежа (Видео)

Фудбалерите на Бенфика останаа без трите поени во дополнителното време од натпреварот прот…